Skip to main content

Петар Богојески е поставен за директор на „Еразмус“

Фејсбук

Петар Богојески – лидерот на „Македонски концепт“, коалиционен партнер во власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ е поставен за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност „Еразмус“.

Најголем дел од фондот на пари со кои располага агенцијата доаѓа од „Еразмус+“, програмата на Европската Унија наменета да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во земјите во Европа, меѓу кои и Македонија.

Богојески на функција доаѓа на местото на Марко Ѓоргиевски, кој ја водеше оваа институција од ноември 2020 година.

Богојески во јавноста стана познат во 2018 година кога како „реформатор и фракционер“ беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар во ВМРО-ДПМНЕ.