
Најголемиот приоритет на оваа Влада е справување со корупцијата. Време е да покажеме дека сме подготвени да поддржиме суштинска промена – преку дела, а не само со зборови – напиша министерот за локална самоуправа Златко Перински на својата фејсбук страница.
Денеска се одржа Советодавен одбор за проектот „Заедници за интегритет“, кој се имплементира од Националниот демократски институт, со финансиска поддршка од амбасадите на Швајцарија и Шведска, преку кој ќе се делува во борба против корупцијата.
Свесни сме за тежината на предизвикот, но уште поважно – подготвени сме активно да делуваме во насока на создавање поотчетни локални институции и доверба меѓу граѓаните и власта.
Како член на Советодавниот одбор, стојам на располагање за сите активности поврзани со овој проект, да овозможам поддршка каде и да е потребна – преку координација или дијалог со локалните самоуправи – додаде Перински.