
Кога соработувате со партнер со кој имате заедничка визија, времето минува незабележливо, но резултатите остануваат трајни, напиша министерот Перински на својот фејсбук профил.
Нашето партнерство со УНДП претставува пример за ефективна и доверлива институционална соработка за унапредување на локалниот развој и градење инклузивни, одржливи и отпорни општини.
Во изминатите години, генералниот фокус на ова партнерство беше процесот на децентрализација, процес кој претставува еден од клучните стратешки приоритети на државата.
Ја честитам триесетгодишнината од присуството на УНДП во земјава и посакувам уште многу години плодна и успешна соработка.