
VI Состанок на Управниот комитет на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “
Како претседавач со Управниот комитет, заедно со амбасадорот на Швајцарија, H.E. Кристоф Зомер и заменик-министерот за финансии, Николче Јанкуловски ги разгледавме досега спроведените активности во рамки на проектот, како и планот за наредниот период, напиша на својот фејсбук профил министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Во рамки на проектот, како дел од последните имплементирани активности, беше поддржано воспоставувањето на Ресурсниот центар за поддршка на општините како и подготвена евалуација на Стратегијата за регионален развој за период 2021 – 2031.
Во периодот што следи ќе се подготват осум нови Програми за развој на планските региони за период од пет години, ќе се изработи првиот извештај за развојните потенцијали на регионите, ќе се поддржи процесот на дефинирање на програмите со влијание врз регионалниот развој, како и ќе се обезбеди континуирана поддршка за градење на капацитетите на општините, согласно нивните потреби.

Македонски



