Skip to main content

Перински: Доколку сите застанеме зад решенијата, успешно ќе ги надминеме зачестените девијантни појави по јавните добра

Успешно ќе ги надминеме зачестените девијантни појави по јавните добра, единствено доколку сите одговорни фактори застанат зад решенијата на кои веќе работиме во актуелниот отворен процес на измени на Законот за локална самоуправа.
Денеска одржавме работен состанок со претставници од повеќе министерства и Управниот одбор на ЗЕЛС на кој дискутиравме за се поакутниот проблем со несовесно третирање и однесувања кон јавните добра, вандализмот кон урбаната опрема, игралиштата и јавните површини од страна на малолетниците – изјави денеска министерот за локална самоуправа, Златко Перински.

Тој нагласува дека на средбата било констатирано дека е потребен отворен пристап на сите чинители кон проблемот со вандализмот и дека Министерството за локална самоуправа веќе работи на оваа проблематика која била една од клучните теми во фокусот од самиот почеток на процесот за измени на Законот за локална самоуправа, а е една и од четирите основни темели на кои тие се базираат.


Со изменетата законска рамка, ќе создадеме правна основа за зголемување на ингеренциите на постоечките комунални редари, материја која ќе се доуреди со Законот за комунални дејности.
Нема да го превенираме само малолетничкиот вандализам, туку сите девијантни појави, без оглед на возраста на сторителите.
На проблемот работиме посветено преку креирање на долгорочни, инклузивни и одржливи решенија, базирани на точно определени, утврдени и идентификувани аномалии и потреби – рече Перински.

Поврзани вести