
Казна за фрлање кабаст отпад доби 22 годишен скопјанец. На видео снимка се гледа како фрла јабаст отпад на јавно место на улицата „Хаџи Јован Шишко“ во Скопје.
Вчера (18.09.2026), полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари, при Секторот за внатрешни работи Скопје, постапиле по претходна пријава за фрлање отпад на јавно место на улица „Хаџи Јован Шишко“ во Скопје. При преземените мерки, полициските службеници утврдиле дека се работи за Е.А. (22) од Скопје, соопшти МВР.
Претходно, преку видео снимка објавена на социјалните мрежи беше приведена и скопјанка која фрлаше ѓубре во Лепенец.

Македонски


