Skip to main content

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи 

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против шест лица за продолжени кривични дела – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Првата обвинета е вработена во Министерството за внатрешни работи, како помлад советник за патни исправи во Одделението за управни работи – Скопје, која во периодот од 03, објави 4news.mk 09.2020 до 24.08.2026 година, во повеќе наврати ги користела своите шифри и вршела преправање на возачки дозволи, внесувајќи дополнителни категории.

Останатите петмина опфатени со обвинението се возачи кои, иако знаеле дека немаат положено за Ц и Д категорија, во договор со првата обвинета, поднесувале барања за издавање дозволи во кои им биле впишувани дополнителни категории.

Ваквите невистинити исправи тие ги користеле за да аплицираат и да добијат сертификати за професионална компетентност на возач за учество во меѓународен превоз на патници и стоки, а потоа во повеќе наврати управувале со автобус или товарно возило во меѓународен сообраќај.

За тројца обвинети, вклучувајќи ја и вработената во МВР, јавниот обвинител достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор. За останатите тројца кои се недостапни на органите на прогонот предложи да им биде определен притвор од нивното пронаоѓање, а постапката против нив ќе продолжи во нивно отсуство.

Во меѓувреме, во рамките на истиот предмет, продолжуваат да се преземаат дејствија за обезбедување докази и против уште 21 лице, осомничени како посредници или корисници на фалсификуваните возачки дозволи, а обвинителството продолжува да истражува и други можни злоупотреби.

Поврзани вести

giyimbahsegelJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetzbahispusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositnesinecasinobahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibompusulabetcratosroyalbetholiganbetholiganbetholiganbetJojobetJojobetstarzbetcasibom