Skip to main content

Речиси 2,2 милиони денари за Клиниката „Козле“ собрани на 12. Хуманитарен пикник на „Алкалоид“

МИА

Речиси 2,2 милиони денари се собрани на 12. Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ – средства што ќе бидат наменети за набавка на современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“.

Како што соопшти компанијата, донацијата ќе овозможи набавка на современ бронхолошки столб со фибербронхоскоп, специјализирана медицинска опрема што се користи за прецизен преглед на дишните патишта, навремена дијагностика и третман на белодробни заболувања кај децата, како и при итни состојби предизвикани од вдишани туѓи тела.

Од „Алкалоид“ посочуваат дека хуманитарната иницијатива почнала во 2011 година, по повод 75-годишниот јубилеј на компанијата, а со текот на времето прераснала во традиционален настан во кој учествуваат вработените, нивните семејства и пријатели.

Според податоците на компанијата, од првиот Хуманитарен пикник досега се собрани близу 14 милиони денари, кои преку Фондацијата „Трајче Мукаетов“ биле наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, лица со ретки болести, ранливи категории граѓани и еколошки иницијативи.

Директорката на Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“, проф. д-р Катерина Бошковска, ја поздрави донацијата, оценувајќи дека таа ќе придонесе за подобрување на условите за лекување на најмладите пациенти.

Особено сме благодарни што „Алкалоид“, кој како и многупати досега, ја препознава важноста на вложувањето во здравјето и создавањето подобри услови за лекување на најмладите пациенти. Ваквата поддршка е пример за општествена одговорност која создава конкретна и трајна вредност за заедницата – изјави Бошковска.

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“ и претседател на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, Живко Мукаетов, истакна дека хуманоста, солидарноста и грижата за заедницата остануваат дел од корпоративните вредности на компанијата.

Зад секој успех и секое достигнување на „Алкалоид“ стојат луѓето: оние кои ги поставиле темелите, оние кои продолжиле да градат и оние кои денес ја носат компанијата напред. Особено сум горд на големото семејство алкалоидовци, кои и овојпат покажуваат дека припадноста кон компанијата се препознава и преку човечноста, солидарноста и подготвеноста да се помогне таму каде што е најпотребно. Посебно ми е драго што годинашната донација е наменета за подобри услови за лекување на најмалите, зашто тоа е суштината на нашата мисија: здравјето пред сè! – порача Мукаетов.

Годинашниот хуманитарен пикник се одржа во знакот на 90-годишнината од постоењето на компанијата, а традиционалните маици за настанот беа украсени со мотивот „Алкалоидовата куќа“, дело на македонскиот уметник Сатја Грабул, симболизирајќи ги заедништвото, припадноста и солидарноста. 

Поврзани вести

giyimJojobetSahabetmarsbahis güncel girişjojobetpusulabetjojobetrichest gamblersFree spins no depositvaycasinobahsegeljojobetbahsegelsekabetMarsbahis girişJojobet GirişcasibompusulabetcratosroyalbetholiganbetholiganbetholiganbetJojobetJojobetstarzbetcasibombahsegel giriş