Skip to main content

Перински: Ангажманот на волонтерите е резултат на новиот Меморандум за соработка кој го потпишавме со мисијата со важност до 2029 година

Денеска и официјално им посакав добредојде и пријатен престој во нашата држава на волонтерите од САД, кои преку Мировниот корпус ќе бидат ангажирани за унапредување на наставата и инклузивното образование во основните и средни училишта, во секторот Развој на заедниците во невладини организации и во администрацијата на општините Росоман, Пехчево и Зрновци, напиша на својот фејсбук профил министерот Златко Перински.

Секогаш подаваме рака за гостите коишто доаѓаат со добра намера и отворено срце, со задоволство ќе ве посетам, сакам и одблиску да се запознаам со условите во коишто ќе работите и со активностите што ќе ги спроведувате во локалната заедница, им порачав на волонтерите кои од наредната недела ќе почнат со своите активности.

Ангажманот на волонтерите е резултат на новиот Меморандум за соработка кој го потпишавме со мисијата и е со важност до 2029 година, која во земјава е присутна безмалку три децении и има голем придонес во зајакнувањето на пријателството и соработката помеѓу двете земји.

Поврзани вести