
Владимир Блажев-Панчо од групата ДНК има изгореници на лицето и на раката и е на кислородна поддршка, но е свесен изјави за МИА Васко Спасоски од тимот на бендот, по пожарот кој сношти изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што тој настапуваше бендот.
-Не знаеме ништо. Хаос е, точно е дека Панчо е на кислородна поддршка со изгореници по раце и лице, но е свесен, меѓутоа се останато не е точно, изјави Спасоски
Тој не можеше дакаже во каква состојба се другите членови на бендот.
-Не знаеме ништо, во хаос сме, кратко одговори тој.
Во пожарот кој вчера избувна во дискотеката во Кочани загинаа 51 лице, а над 100 се повредени, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Кочани.