Skip to main content

Ова е дел од пругата за Бугарија со која треба да се поврзат Скопје и Софија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски сподели видео од новата пруга од Куманово до Бељаковце, која денеска беше пуштена во употреба.

Сериозен инфраструктурен капитален проект. Ова е дел од пругата за Бугарија со која треба да се поврзат Скопје и Софија. Продолжуваме со големи проекти!, порача Николоски.

Само со посветенот и одговорност, за две недели можат да се пуштат во употреба три крупни капитални проекти, рече денеска Николоски, напоменувајќи дека пругата од Куманово до Бељаковце ќе значи економски напредок на овој регион, ќе значи поврзување со соседите и подобрување на животот на граѓаните.

Прекрасен ден да ја отвориме пругата од Куманово до Бељаковце, 31 километар кој се надевам дека ќе значат нов економски развој и напредок за целиот овој регион. Овој е еден од регионите кој што најмногу треба да ги развиваме во државата и регион кој дефинитивно заслужува поголем економски напредок. Како што кажа директорот на Железници Инфраструктура, беше голем предизвик да се заврши проектот навреме и еве проектот е завршен навреме.

Завршувањето покажува не само посветеност и одговорност, туку дека во Македонија можат да се реализираат и големи инфраструктууни проекти и оваа е само поттик да се продолжи понатаму и за втортата фаза, а секако и за реализација и за третата фаза за која што ќе ни треба заеднички договор со соседна Бугарија. И како што често кажувам, ова е за да се поврземе, а не да не се поврземе со Софија, бидејќи значењето на оваа пруга е доколку имаме целосно поврзување на коридорот 8.

Користењето на оваа пруга ќе значи многу на локалното население, ќе значи многу и за бизнисот, инсистираме карго сообраќајот да се развива и веќе зборувавме за одредени делови на карго сообраќајот на оваа пруга за да може полесно да се равива бизнисот. Би сакал лично да се заблагодарам на премиерот за подршката, не е мала работа три големи проекти да отворите за две недели – истакна Николоски.

Тој се заблагодати на подршката.

Да се заблагодарам на сите кои работеа на пругата, на изведувачот, на надзорот и сакам да споделам добра вест за граѓаните на Куманово. Тие знаат, но другите граѓани не знаат. Иако Куманово и Скопје се близу и се поврзани со железница помеѓу двата града сега нема воз. За две до три недели од денеска, со подршка на ЈП Железница Транспорт почнуваме редовна линија Скопје – Куманово која во одредени денови во неделата ќе доаѓа и до тука до Бељаковце. Нека е со среќа, аирлија и за убави работи да се гледаме – истакна вицепремиерот Николоски .

Поврзани вести