Skip to main content

Ова е целиот разговор на членовите на Левица со српската опозиција на кој планираат дестабилизација на Македонија

Еве ја лично не кријам дека сум од партија, вели водачот на утрешните протести, вели Кирил Митановски во видеото кое беше објавено денеска како со помош на српски активисти спремаат дестабилизација и инциденти во Македонија.

Ѓорѓи Јачев пак се брани дека бил во партија, но оти не е и оти со Кирил се знае од таму.

Тие луѓе што имаат такво искуство обично се качуваат на врвот, цели Јачев.

По првичното излагање на Кирил и Ѓорѓи во разговорот се уклучува Сташа која ги советува дека во прв ред треба да биде пленумот а поединци и оти не треба да се дозволи да се вклучуваат партиски активисти.

Идејата на плеумот е да постои и кога некој ќе се исклучи.Пленумот е општествен контруктор, тело , а не луѓето.Ако некој ти каже ти си во партија, но ти не си никаков духовен водач.Проблем е ако вашите партиски личности го преземаат медиумскиот простор и се наметнуваат како водачи на револуцијата и да велат дека се еднакви но малку повеќе се појавуваме на телевизија и глумат кои се, како на пример Зоран Ѓинќиќ кој е битен и ја спасува земјата.Треба да спречите медиумско промовирање на поедници.Нас ни се случи да падна настрашницата што е директен еквивалент на јавните институции, вели во видеото инструкторката од Србија, Сташа.

Ние студентите можеме да ја кривиме државата за настрешницата, вие не можете суштински да ја кривите државата.

Можеме, можеме вели Митановски од Левица.

Не морате веднаш да влезете во блокади затоа што тој пленум и таа организација од тој карактер ви служи како корективен фактор да зборувате за тие работи.Пленумот директно го дискредитира Парламентот во смисла дека е тука затоа што Парламентот не си ја работи својата работа.

Митановски: Доколку во иднина бидеме повикани, као сакаме со вас да зборуваме.

Сташа: Toa e следен чекор, за почеток сите сме еднакци и нема претставници.Направете си Е маил за пленум и Инстаграм за локални пленуми.Идејата на пленумот е да ја тргне одговорноста од поединецот.Вашето единствено барање може да биде сите студентски претставници и Собранието да си дадат оставка и да се распишат транспаретни избори како ние што баравме и сега бараме на сите нивоа да се распишат избори.

Сташа ги праша овдешните изведувачи кои им се идеите?

Митановски: Првата цел е ова да се прошири, да има што поголема бројка а не да се правиме претставници.Треба да има мобилизација, вели Митановски.

Цветковиќ бара да се искористат за протестите тие што имаат бугарски и „шиптарски“ пасоши.

Вие имате многу Бугари и „шиптари“,Тоа можете да го користите како толеранција, предлага српската инструкторка.

Ѓорги Јачев говори за некоја организација „Младинска банка“ помогната од УСАИД.

Тие дадоа фломастери и идеи, вели Јачев.

Сташа ги советува членовите на Левица да купат припејд броеви и да праќаат повици за протест во многу групи.

Ние и за припејд мора да покажеме пасош како во Грција. Праќавме пленумот е тогаш  и тогаш во анфитеатарот и дојдете.

Таа ги праша и каква им е соработката со студентите Албанци?

Ќе биде така малку глупости затоа што додека го зборувате ова заборавате што се случи заборавате што се случи во неделата и колку се гневни луѓето.Има цело село кое е упропастено.Тие луѓе нема да седат мирни, џабе е. Не може на никого вината да се префрли, вината е во болката на луѓето.Ние треба да се организираме најефективно тоа да го искористиме, се коментира во разговорот.

Тие се потсмеваат и на повиците на црквата за мирен протест и молитви.

Велат дека се демонски собири. про ЛГБТ. Не протестирајте, одете во црква, запалете свеќа, не вакви собири, демонски собири.

Сташа пак се потсмева и на српскиот патријарх Порфириј.

Немојте на патријархот, сакајте се.Мрш.

Протестантите од Македонија и од Србија се договараат и со какви барања да излезат.

Имаме право да си ги браниме студентите, и Фросина беше студентка.Сега може било кој да настрада од било која возраст.Можеме да започнеме не со протести туку со собири и да оддадеме почит и за Фросина и за Кочани и за нашите браќа Срби,.Ако не се исполнат нашите барања можеме да планираме блокади.Лошо е да имаш протести веднаш бидејќи делува како да имаме „прљави“ намери.Не е дека имаме сочуство кон жртвите и трагедијата. Не може веднаш во понеделник со протести кога немаме ниту цел.Точно определена цел, реалитична.

Кирил Митановски пак предлага на почеток да имаат четири, пет основни барања.

Зад нив ќе стоиме да бидат прифатливи по секоја цена.Тоа што си дал оставка градоначалникот, еве да си дадат оставка и премиер и министер.

Сташа ги советува и телевизиите да известуваат од нивните собири.

Гледајте нешто корисно да направите и за бабите и дедовците за и тие можат да разберат што правите, а не само за студентите. Гледајте и премиерот да не даде оставка и да не се распишат избори бидејќи тоа нема да биде од корист.Целта е да се создава граѓанска непослушност преку синдикатите и унијата на работници.Потребно ви е време и што повеќе влезете во блокади ќе имате време да се занимавате со тие работи

.

Поврзани вести