Skip to main content

Отворено писмо на претседателот на синдикалната организација при Националниот парк „Галичица“

Фејсбук профил на Ѓуро Јовчески

Порталот „Охрид.нет“ го објавува отвореното писмо на претседателот на синдикалната организација при НП Галичица Ѓуро Јовчески.

Тој тврди дека поседува матријални докази за незаконски дејствија направени претходниве години како што се притисоци, мобинг и не делување на институции на системот кои треба да ја спроведувават правдата.

Јовчески обвинува за малтреирање, не само врз него, туку и врз други синдикални членови од страна на бивши директори во установата. Исто така тој обвинува и за несовесно работење на обвинителството во неколку наврати за години наназад, каде експресно се ослободувале од притвор албански државјани фатени во акции со гранична полиција во незаконит лов.

Според неговиот исказ, станува збор за лица од Р. Албанија влезени со оружје на територија на НП Галичица . Обвинителството делувало на штета на Јовчески кога бил физички нападнат од престапник со еден куп докази не добил правда.

Во неговото писмо до јавноста Јовчески вели имало несовесна пристрасна одлука и на Апелационен суд Битола, при што претходно во два наврати ги добил двете првостепени пресуди за неисплатени додатоци и прекувремени сати со многу матријални докази, но Апелација Битола целосно му ја преиначила пресудата. И покрај сите докази донела одлука на негова штета.

Јовчески вели ги пријавил до сега сите злоупотреби од бивши директори и вработени во паркот за следните случаи: уништено службено мв. Џип Опел Антара кој 5 години е со зарибан мотор и не се поправи и се одлози на депонија во Мислесево Струга, уништен пловен објект Глисер марка Селва кој се злуоотребуваше за приватни цели во Охридско Езеро каде не му е намена за пловидба, при сто се зариба моторот и плати установата 90000 денари, уништена и опустошена шума од околу 800 метри просторни ,кај пикник зона Јадера, спроведени незаконити огласи. Јовчески тврди дека има докази и за презентации по ресторани и хотели од илјадници евра, плаќање паушал секој месец на партискиот адвокат од Сдсм Мишел Силјаноски иако установата едвај брои 15 вработени и има вработено правник,со правосуден испит и плус доктор на науки Злоупотреба на управниот одбор со бесправно доделување по 10 кубици огревно дрво на истоимените членови. Иако членовите на управен одбор се платени со месечни паушали и селективно одлучување по дисциплински постапки, но и други злоуоотреби.

Јовчески вели единствено СВР Охрид и трудовиот инспектор од Охрид и Струга, како и двајца судии од Охрид покажале професионалност и непристрасно донеле одлука во корист на синдикатот.

Ѓуро Јовчески бара правда ги повикува надлежните институции да отворат истраги најхитно и да влезат во установата и да се утврдат според многуте докази горенаведените дејствија, во спротивно вели ќе ги радикализираат барањата.

Јовчески изминативе денови сподели и неколку видео изјави на својот Фејсбук профил.

Поврзани вести