Правни предизвици во здравството во следниот период, со фокус на:
Укинување на медицински и организациски директор,
Дополнителна дејност
Простор во ЈЗУ издаден под закуп.
Ова беа аспектите од правното предавање на осмата академија за здравство на Стојанче Стојковски, правник со долгогодишно искуство со прописи кои произлегуваат од здравствената заштита.
Осврнувајќи се на законските услови во однос на дополнителната дејност, Стојковски истакна дека директорите на јавните здравствени установи здравствените работници-специјалисти вработени во ЈЗУ, кои вршат специјалистичко-консултативна болничка дејност со над 2 години работно искуство во специјалноста, можат да укажуваат здравствени услуги како дополнителна дејност по редовното работно време и во согласност со нивната лиценца за работа во ЈЗУ каде се вработени, или во друга јавна или приватна здравствена установа која е регистрирана за истата дејност, при што здравствената услуга ја укажуваат самостојно или во тим, предводена од здравствениот работник – специјалист, составен од здравствени работници и други вработени во здравствената установа во која се врши дополнителна дејност.