
Денеска се одбележува годишнината од раѓањето на Гоце Делчев – еден од најзначајните македонски револуционери, тактичари и визионери, кој го посвети својот живот на борбата за ослободување и самостојност на Македонија.
Делчев не беше само водач на македонското револуционерно движење, туку и длабок мислител и стратег, кој ја постави идеолошката основа за борбата за национална слобода. Неговите зборови, исполнети со мудрост и патриотизам, не само што ја одразуваат македонската идеја, туку и претставуваат инспирација за сите кои се стремат кон знаење, самоспознание и духовен раст.
Одбележувањето ќе биде без присуство на бугарска делегација како што беше во времето кога СДСМ беше на власт. Шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев дури се пожали дека оваа година не добиле покана да дојдат во Скопје.