Skip to main content

Обвинителите од СЈО зеле милионски бонуси: Јанева и соработниците без отчет, истрагата продолжува

Ги наполнија џебовите со над 4 ипол милиони евра од државната каса, а никој не даде отчет за сработеното, ниту ги оправдаа фрапантните бонуси. Катица Јанева и нејзините чарлиеви ангели земаа милионски надоместоци за доверливост.Шефицата Јанева неколку години земаше плата и 4000 евра месечно само за да молчи за прислушкувањата. Околу 100 илјади евра се офајдија и Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи и Ленче Ристовска. Бурим Рустеми инкасирал нешто над 90.000 евра, дознава „АлфаТВ“.

Слични бонуси добиле и обвинителите Трајче Пеливанов и Гаврил Бубевски, од 85 илјади евра, тврди „Алфа“.

После неколку години топката почна да се одмотува

Вишиот обвинител Јово Цветановски кој одлучи Организиран криминал да продолжи да истражува, заработи дисциплинска постапка, а му се заканува уште една. Симптоматично, истиот ден кога ја донесе одлуката, државниот обвинител Коцевски го прати на дисциплинска поради резултатите од ревизијата во Вишото обвинителство. Цветановски, тврди дека дисциплинската е незаконска.

Во јавноста подолго време отворено се зборува дека државниот обвинител вршел притисоци за одлуката за бонусите на СЈО.

Имено, шефот на организиран Ислам Абази ја отфрли кривичната пријава на ВМРО-ДПМНЕ против екс обвинителите на СЈО милионските хонорари. По ова, ВМРО ДПМНЕ се жалеше до Вишото обвинителство.

Сега на потег е шефот на Организиран, Ислам Абази. Но, државниот обвинител Коцевски не се согласува со одлуката на Цветановски, да се истражува делењето на бонусите. Тој најави уште една комисија која ќе истражува како Цветоновски донел одлука дека има сомнежи за криминал, а оштетена странка не била партијата ВМРО ДПМНЕ. Со ова неизвесно е дека вишиот обвинител Цветановски го чека уште една дисцплинска.

Адвокатот Дуковски е зачуден од ставот на државниот обвинител. Според него, Обвинителството треба да истражува и многу помали суми ако има сомнежи дека незаконски доделени, а не па вакви бонуси од милиони евра.

СЈО на стартот се фалеше дека работи на 30 истраги во кои се опфатени 80 луѓе. Откако Катица Јанева беше фатена и седна на обвинителна клупа за милионски рекет, згаснаа и овластувањата на нејзините чарлиеви ангели.

Поврзани вести