
Јасно ми е дека во Македонија со години наназад, одредени либерални структури имаа монопол врз проектите и го користеа тој монопол за една единствена цел – антивмровска пропаганда. Не беше толку важно што прават, туку против кого работат. Денеска, откако се сменија околностите, се гледа дека зад целата таа конструкција не се криеле идеолошки или демократски вредности, туку само пари, пишува Дејан Николовски во својот коментар на Нетпрес.мк.
Знам дека ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш било посветено на македонско-американското пријателство. Во време на ВМРО беше потпишан Договорот за стратешко партнерство со САД – тоа е факт. Но, тоа не им пречеше на пример на Орданоски и сличните корумпирани пропагандисти да ја бришат оваа вистина и да шират наратив дека ВМРО е антизападна партија. Не само што тоа им беше дадено како задача, туку често и самите иницираа вакви кампањи, свесни дека тоа им носи пари и политичка привилегија. Знам дека овие луѓе градеа цела индустрија од наметнување на страв – „дајте пари за да ја спасиме Македонија од антиевропското ВМРО“. И што видовме денес? Дека Орданоски и сличните не работеле за Македонија, туку за свои лични интереси, користејќи американски фондови за пресметки со ВМРО и за ширење на нивната либерална агенда. Ги користеа тие средства не за реформи или подобрување на демократијата, туку за наметнување на теми што беа далеку од реалните проблеми на народот. Лично, никогаш не сум имал дилема дека идеолошката агенда на СДСМ и нивните сателити не беше ништо друго освен средство за дискредитација на сите што ќе им застанат на патот. Секој што беше пречка за нивните либерални проекти и нивниот политички монопол, беше прогласуван за „опасност за демократијата“ или за „антизападен елемент“.
Така владееше СДСМ – со местенки, дискредитации и предавства што ги продаваше како мудрост и визионерство. Брутално кодошеа пред своите западни ментори секого што размислуваше поинаку, дури и ако тој човек беше максимално лојален на евроатлантската ориентација на државата. Ним не им беше важна демократијата, туку само сопствената власт и парите што доаѓаа со неа. Но, времињата се менуваат. Сега има нов шериф во Вашингтон, со конзервативна идеологија, со храброст и со визија. Ова е моментот кога светот гледа промени, кога вистинските вредности повторно добиваат на значење. Светот кој досега го познававме полека, но сигурно исчезнува.
И кој има проблем со тоа? Орданоски! Па, ајде да му одговориме во стилот како што тоа би го сторил официјален Вашингтон: Who the fuck is Sasho Ordanoski?, пишува Николовски.