
Чест ми е што сум во друштвото на повеќе истакнати лица кои беа прогласени за почесни граѓани на општина Бутел, вели доктор Игор Николов, претседател на Советот на Општина Бутел и иден амбасадор на Македонија во Република Франција на денешното гостување на телевизија Вистел во програмата „Скопје ми е дома“. Признанијата за почесни граѓани беа доделени по повод 20 години од формирањето на Општина Бутел.
Доктор Николов посочи дека за 20 години откако Бутел е самостојна општина, настана една транформација на Бутел во градска општина.
Во овие 20 години самостојна општина Бутел е урбанизирана општина, се бара место повеќе за живеење, бидејќи тоа е место каде нема прекумерно згради што се должи на тоа што за четири години не се донесени одлуки за градење. Оттука, општината е посакувана за живот, затоа што има и многу куќи, а многумина сакаат да дојдат, да живеат во куќа со двор. Нашата идеја е да има што повеќе зеленило, паркови, да се работи на објекти како градинки, има нова една градинка, има ново училиште. Сето ова придонесува за модернизирање на Бутел“, вели Николов.
Низ животот, доктор Николов се води од максимата „мисли локално делувај глобално“.
Дел од студиите ги поминав во странство, во контакт сум со многумина од надвор, од други држави, и сметам дека прво треба да ни е убавно дома, а она што сме го виделе надвор да се обидеме да го донесеме и спроведеме во местата каде живееме. Токму затоа ме води таа максима. Само така може да ги задржиме граѓаните во нашата општина, град, држава“, смета Николов.
Николов информираше дека Бутел, која е позната како спортска општина доделува стипендии, а се градат и спортски центри.
Во овој период се реалзирани пет спортско-рекреативни центри што се многу важни за сите жители. Со средствата од владата планирани се уште многу работи меѓу кои и изградба на амбуланта“, информира Николов.
На крај, д-р Николов, вели дека здравството и локалната самоуправа се комплементарни.
Здравствените работници во континуитет се среќаваат со огромна бројка на луѓе. Ако во ден се среќаваме во просек со 30 луѓе, тие ви даваат информации не само за здравјето, туку и за околината во која живеат и оттука сме информирани. Токму затоа велам се надополнуваат двете области“, дели д-р Николов.
Докотор Николов заклучува дека со сето искуство во здравството, локалната самоуправа, како и со соработката со Франција успева дома да му е и општина Бутел и Скопје и Париз.
Подолг временски период или вкупно околу седум години престојував во Франција. Имам одлична соаботка со француската администрација и француската амбасада во Македонија. Сега сум номиниран за амбасадор на Македонија во Франција. Па така, со сето искуство, успевам сите три дстинации да ми се дома“, заклучи д-р Николов.