Skip to main content

Николов: Коцарев работел со Марија Кири Склодовска на третманот на канцер

Денеска е денот кога го чествуваме ликот и делото на Анастас Коцарев, кој е истакнат научен и медицински работник, но во исто време е истакнат патриот, чие дело досега останало недоволно вреднувано и недоволно познато. Благодарение на активностите на ентузијасти, на активностите на семејството од Охрид и на претставници на македонската дијаспора, утврдено е дека докторот Анастас Коцарев почива во близина на Париз. Неговата вереница тогаш не успеала да исконтактира со семејството и целата таа приказна е мошне инспиративна, а останала долго време непозната. Благодарение на активностите кои беа преземени во последниов период, поточно во последниве пет-шест години, ликот и делото на Коцарев се вреднува на едно мошне високо ниво. Во други временски прилики би бил и еден од кандидатите за Нобелова награда бидејќи работел со истакнати научници од Франција како што е Марија Кири Склодовска со која работел на третманот на канцер, вели Игор Николов, амбасадот на Македонија во Франција.

Николов посочи дека Коцарев има објавено трудови и дела во врвни странски списанија и за време на својата работа во Женева ги обединува македонските ацосијации со активно политичко дејствување во период од две години во кое активно бара признавање. обединувањеи формирање на независна македонска држава.

Подоцна околностите го носат да дојде и да работи во Париз каде остварил блиски контакти со врвни научници.

Поврзани вести