Skip to main content

Николов: Целта е Македонија да стане дел од Еуротрансплант за да може да има значителен напредок на здравствениот систем

Во денешната емисија Здравје фактор на ТВ 24, гостуваше д-р Игор Гила Николов, нефролог, кој се осврна на тековните напори и амбиции на Македонија во областа на трансплантацијата на органи. Според него, крајната цел на здравствениот систем е да се зголеми бројката на трансплантации и со тоа земјата да стане дел од Европската мрежа за трансплантации, позната како Еуротрансплант.

Крајната цел е ние со зголемена бројка на трансплантации успееме да станеме дел од европската мрежа за трансплантации која се нарекува Еуротрансплант. Затоа што со членувањето во Еуротрансплант, стануваме земја која што би можела да прима органи од други земји или пак да прави размена со други земји, изјави д-р Николов.

Д-р Николов напомена дека еден од клучните предизвици за Македонија е постигнувањето на соодветна бројка на донори. За успешно учество во Еуротрансплант, земјата треба да има околу 8 починати донори на 1 милион жители.

За тоа ни се потребни околу 8 починати донори на 1 милион жители. Системот да успее да ја каптира таа бројка, за да успее да ја овозможи, ни е потребна целокупната координација, додаде д-р Николов.

Д-р Николов истакна дека Националниот координатор за трансплантација игра клучна улога во координирањето на сите тимови кои учествуваат во процесот, кој вклучува подготовка на листи, харвестирање на органи, трансплантирање и следење на целиот процес.

Националниот координатор за трансплантација ги координира тимовите кои ќе учествуваат во подготовката на листите, во харвестирањето на органите, во трансплантирањето и во следење на целиот тој процес, кој што е практично комплициран процес, и претставува врв на развиеност на здравствениот систем, истакна д-р Николов.

Ако Македонија успее да достигне бројка од 8 донори на 1 милион жители, ќе биде во можност да учествува во европските мрежи за трансплантација.

Кога ние ќе го доведеме здравствениот систем да имаме 8 на милион жители, ќе бидеме во можност да партиципираме во европските мрежи и тоа многу ќе допринесе за нашите граѓани, кажа д-р Николов.

Д-р Николов истакна дека Македонија активно соработува со соседните земји, од кои Хрватска е најнапредна. Држава која не има листа на чекање за органи.

Во периодов се прави соработка во соседните земји. од оваа земја најразвиена е Хрватска, каде нема листа на чекање на органи, рече д-р Николов.

Д-р Николов додаде дека ако Македонија успее да го постигне нивото на соседите и продолжи тесно да соработува со нив, ќе се постигне значителен напредок во здравствениот систем.

Доколку успееме да го постигнеме нивото на нашите соседи, коишто во еден период сме соработувале и продолжуваме тесно да соработуваме, веројатно ќе доживееме значителен напредок на здравствениот систем. Тоа ни е крајната цел,“ заклучи д-р Николов.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibom güncel girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibom