Skip to main content

Николоски со бугарскиот колега Караџов, договорена нова средба за придвижување на работите на железничкиот Коридор 8

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов. Средбата се одржа во рамки на форумот „Глобална Транспортна Поврзаност” што се одржува во Истанбул, каде имаше обраќање вицепремиерот Николоски. 

Бугарија инсистираше Македонија прва да го започне и заврши делот од тунелот во планина на самата гранична линија, без никакви гаранции дека работата од нивна страна ќе биде завршена, што претставуваше сериозна дискрепанца во ставовите. Исто така, немаше конкретни бројки за нивната инвестиција,за која гледано од страна се имаше чувство дека пругата е „оставена на страна“ и без интерес од официјална Софија. Б


 Како што соопштуваат од ресорното Министерство, на средбата била истакната неопходноста за изградба и модернизација на европските транспортни коридори, со посебен акцент на железничкиот и патниот Коридор 8, како предуслов до регионален економски развој и олеснување на транспортот и трговијата. 

Потенцирајќи го прашањето за железничкото поврзување меѓу двете земји, двајцата соговорници нагласија дека овој проект има регионална димензија, каде покрај економското значење, се наметнува и прашањето за стратешкото позиционирање на НАТО Алијансата преку поврзување на Јадранското и Црното море. Двајцата соговорници се согласија за нова средба во периодот кој следи со цел заеднички да се усогласи текстот на Договорот со кој ќе се постигне согласност за изградба на заедничкиот тунел којшто треба да ги поврзе Македонија и Бугарија со што ќе се придвижат работите за реализација на железничкиот Коридор 8, наведуваат од Министерството за транспорт.

Двајцата соговорници се согласиле да испратат експерти да учествуваат на состанокот за Коридор 8 што го организира Европската Комисија во јули.

Поврзани вести