
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека од македонска страна целосно се завршени сите подготовки за граничниот премин Клепало, во координација со надлежните институции, додека одложувањата ги лоцира на бугарската страна.
„Во однос на ГП Клепало, од наша страна целосно се завршени работите во координација со релевантните институции, Министерството за внатрешни работи, Царинската управа и останатите институции коишто се поврзани со граничниот премин.
Од наша страна е сè завршено. Проблемот беше на бугарска страна. Морам да кажам дека претходниот министер за транспорт и вице-премиер на Бугарија, Гроздан Караџов, го задвижи проектот и се надевам дека со изборот на нов министер, ќе се дополнително реализира и ќе може да се поврземе од двете страни“, изјави Николоски.

Македонски

