
УМС и IYDU викендов го организираат најголемиот меѓународен политички настан што УМС го организирала во Македонија, информира потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер Александар Николоски.
Ова е најголемиот настан којшто Унијата на млади сили го има реализирано од своето основање, Меѓународната демократска унија е најголемото семејство на центар-десни, конзервативни и центар политички партии во светот и со тоа нејзиниот подмладок е најголемиот политички подмладок којшто ги застапува овие идеи и овие политички визии – истакна Николоски.
Посочи дека УМС е гордост на сите.
Ова е најдобар доказ дека Унијата на млади сили се развива, нешто што е гордост за сите нас, секогаш најдобрите идеи и најдобрите кадри во ВМРО-ДПМНЕ произлегувале токму од Унијата на млади сили – рече Николоски.

Македонски








