Skip to main content

Николоски: Криминалната коалиција СДСМ и ДУИ не помагаше, туку одмагаше на Гевгелија

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се обрати од народниот митинг одржан во општина Гевгелија, во рамки на изборната кампања 2025 година која е под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври.

Николоски зборуваше дека е задоволство да се говори за Гевгелија со бројни реализирани проекти, на целосно реализирана програма од страна на градоначалникот.

-Многу е лесно да се зборува за она што доаѓа во следниве четири години. Андон ја превзеде општината во незавидна положба од 2021-та година, но амбициозно влезе, реши да се справи со проблемите и денеска имаме целосно трансформирана општина. За жал три години на власт беа од неговиот четиригодишен мандат СДСМ и ДУИ таа криминална коалиција која не само што не помагаше туку одмагаше на градот, рече Николоски.

Тој нотира дека во последниве година и три месеци со Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски работите се сменија.

-Гевгелија доби огромна поддршка и гордо можеме да зборуваме за реализирана програма или програма што е во тек, рече Николоски.

Поврзани вести