Skip to main content

Независните кандидати ќе можат полесно да се кандидираат за градоначалници и пратеници

Уставниот суд донесе одлука со која ги укина членовите 17 и 18 од измените на Изборниот законик за кандидарање на независни кандидати за градоначалници и пратеници и се поништи обврската независните кандидати да собираат илјадници потписи за учество на изборите.

Одлуката помината со тесно мнозинство

Судот одлучи со тесно мнозинство од 5 гласа „за“ и 4 „против“, но ефектите од оваа одлука се далекусежни. Таа ги укинува формалните пречки што можеле да ги спречат граѓанските иницијативи и поединци да се вклучат во изборната трка – особено на локално ниво.

„Одредбите што се однесуваа на условите за независните кандидати се укинати,“ соопштија од Уставниот суд.

Поврзани вести