
Независниот студентски сојуз се гордее со нашите студенти!, велат од студентската организација, додавајќи дека „препознати се сите намери за политизација и мешање во нашето искрено студентско движење“.
Денешниот собир е директен доказ дека студентите не сакаат политичка инволвираност во искажувањето на своите ставови и беше обид политичката партија Левица да го киднапира искрениот студентски крик! Студентите денес го препознаа политиканството и одлучија да не учествуваат во ова фијаско. НСС УКИМ ќе поднесе кривична пријава за вчерашното лажно претставување во наше име и ширење изјави во јавноста. Апелираме политиката да се тргне на страна, а кога ќе обезбедиме делување независно од политиката – потоа ќе го соопштиме нашиот став и нашите идни чекори. Фијаското на денешниот протест нанесе штета врз угледот на студентите. ПОЛИТИКАТА НАДВОР ОД НАШИОТ УНИВЕРЗИТЕТ!, порачуваат од Независниот студентски сојуз.