Skip to main content

Непречено тече гласањето во Ранковце, до 11 часот излезноста е 18,29 отсто

Жителите на Општина Ранковце денеска одбираат градоначалник во вториот круг од локалните избори во државата. 

Според информациите од претседателот на општинската изборна комисија Ранковце, Орце Тодоровски, гласањето почнало навреме во сите 13 избирачки местa и се одвива непречено.

До 11 часот излезноста изнесува 18,29 отсто што значи од вкупно 2921 граѓанин со право на глас, до единаесет часот гласале 534 граѓани.

Своето избирачко право на глас во текот на вчерашниот ден во оваа општина го оствариле 69 болни и немоќни лица од вкупно пријавени 72 болни изнемоштени.

Поврзани вести