Skip to main content

Не носеле храна и вода за Панче во дупката, а планирале да го чуваат додека не завршат со грабнувањето во Скопје

Кешишев детално објасни како течеле подготовките за грабнувањето на Панче Жежовски. Тие се одвивале во домот на Велибор Манев. Кешишев ги слушнал другите како да пријдат до куќата на Панче:

Тие отидоа а јас чекав на главниот пат во кангуто. Кога тој обид не успеа јас и Палчо се вративме во Скопје.

Денот на грабувањето на Панче

Околу седум часот стигнавме во Велес. Јас останав во возилото а тој тргна пешки кон местото каде што се договориле. Не забележав дали носеа маски. Во ранецот што го носев можеби бил пиштолот. Ако некој носи пиштол околу појасот ќе се забележеше, затоа претпоставувам дека беше пиштолот во ранецот. Кога го грабнаа Панче јас го возев кангуто а Палчо цитроенот. Кога стигавме во местото Рудник, јас останав а Велибор излезе и продолжи со цитроенот кон дупката. Бев одалечен околу 300 метри. Тие се задржаа околу 30 минути кога слушнав истрел но не толку силен. Се вратија и Велибор седна до мене. Ми кажуваше да возам по стариот пат за Скопје. Палчо му кажа на Боре каде да се паркираме преку моторолите. Палчо со Вд 40 го избриша воланот од Цитроенот и со кангуто се вративме во штабот.

За првиот обид за грабнување во Скопје

Тргнавме пред седум часот од штабот Велибор го возеше цитроенот. До него бевме јас и Боре а кангуто го возеше Палчо. Јас немав моторола а мобилните на сите ни беа во штабот. Возилото беше паркирано пред скалите. Откако обидот беше неуспешен се вративме во штабот.

Лопата е купена на Битпазар

Лопатата, копачи ашовот ги купивме на Бит пазар со Палчо пред грабнувањето. Алатот стоеше во кангуто.

Храна и вода за грабнување

Не видов дека носеа храна и вода за грабнатиот, одговори Кешишев на прашањето на судијата Стефановски.
Во дупката имаше скала алка за синџир. Знаев дека го носат Панче ама не и дека ќе го убијат. Имаа други планови, да грабнат друга личност. Мислеа да го држат додека не ја завршат другата работа, објасни Кешишев.

Можел да замрзне, го праша судијата.

-Јас немав право на збор, се правдаше обвинетиот. .

Ништо не се прашувавте а секогаш бевте таму, му врати судијата.

Многу знаев

Не можев да се повлечам, многу знаев а јас тоа го сфатив како опомена. Велибор ми рече дека може да паднат и глави.

27.11 2023 година

Ја грабнаа а цитроенот го возеше Велибор а јас бев на совозачкото место со моторола. Палчо со кангуто не чекаше под надвозникот за Качанички пат. Кога стигнавме на местото Палчо ми кажа да одам настрана кон една викендица да не наиде некој. Кога завршија со убиството ги фрлив алатите отидовме на една рамница да го запалиме цитроенот.

Поврзани вести