Skip to main content

Наместо 5.000 како досега, секое новороденче во Илинден ќе добива по 6.000 денари

Општина Илинден ја зголемува финансиската поддршка за новороденчиња, па таа од годинава ќе биде за илјада денари повисока отколку досега.

Во изминатите ќетири години откако е воведена оваа мерка во општоината, вкупно 470 бебиња добиле еднократна парична помош од 5.000 денари.

Со цел дополнително унапредување на оваа мерка, Општина Илинден оваа година донесе одлука за зголемување на износот на субвенцијата. Првото решение за исплата е веќе потпишано, а износот на финансиската помош за сите новородени бебиња од 1 јануари 2026 година ќе изнесува 6.000 денари. Со зголемување на износот на оваа субвенција, за која се обезбедуваат финансиски средства од Буџетот на Општина Илинден, Општината уште еднаш ја потврдува својата заложба за поддршка на младите семејства и создавањето поповолни услови за живот – велат од Илинден.

Потребната документација за остварување на правото на еднократна парична помош, како и Барањето за доделување на финансиска поддршка за семејства со новороденче се достапни на официјалната општинска веб-страница, како и во Архивата на Општината.

Поврзани вести