Skip to main content

На местото на разрешените 6 началници и 1 командир од СВР Штип и ОВР Кочани се поставени началници на МВР од централата во Скопје

Од МВР потврдија за македонските медиуми дека на местото на разрешените 6 началници и еден командир од СВР Штип и ОВР Кочани се поставени началници од МВР од централата во Скопје додека трае истрагата за пожарот во дискотеката Пулс за да се разјаснат сите околности на полициското постапување.

Од МВР потврдија дека со одлука на министерот се разрешени 7 началници во штипската и кочанската полиција. Разрешени се началникот и помошник началникот на СВР Штип, началниците на одделенијата за полиција и криминалистичка полиција во Штип, како и началниците на ОВР Кочани, на полициската станица во Кочани и на криминалистичката канцеларија во градот во кој минатиот викенд се случи трагедијата со пожарот.

Разрешени се:

  1. Началник на Сектор за внатрешни работи Штип
  2. Помошник началник на СВР Штип
  3. Началник на Одделение за полиција Штип
  4. Началник на Одделение за криминалистичка полиција Штип
  5. Началник на Одделение за внатрешни работи Кочани
  6. Командир на Полициска станица од општа надлежност Кочани
  7. Началник на Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кочани.

Поврзани вести