
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, имаше поздравно обраќање на работилницата насловена „Ориентација кон иднината: бизнис-можности и предизвици во рамките на Реформската агенда за Западен Балкан 2024-2027 година“. На работилницата присуствуваа бизнис-лидери, претставници на приватниот сектор, сопственици и менаџери на мали и средни претпријатија, претставници на индустриски здруженија и други засегнати страни од приватниот сектор.
Во своето обраќање, министерот Муртезани ги истакна клучните придобивки и предизвици на Реформската агенда 2024-2027 за Македонија за бизнис секторот. Тој посочи дека реформите, усогласени со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, се клучни за поттикнување на економскиот напредок на земјата, подобрување на бизнис окружувањето, зајакнување на енергетските и дигиталните транзиции, и зајакнување на владеењето на правото. Министерот, исто така, ги нагласи можностите за трансформација на приватниот сектор и важноста од активно вклучување на бизнис заедницата во реформските процеси.
„Реформската агенда и Планот за раст претставуваат можност за трансформација на приватниот сектор во нашата земја. Вашите идеи и размислувања се клучни во овој период на трансформација. Тогаш, да работиме заедно за Реформската агенда да се преточи во вистински, одржлив раст за бизнисите во Македонија“, изјави МЕП Муртезани.