Skip to main content

Мисајловски во Брисел на состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска и утре во Брисел ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана. Како што најавија од Министерството за одбрана, денеска министерот Мисајловски ќе учествува на состанокот на Контакт-групата за Украина, прв пат предводена од Обединетото Кралство.

Во текот на утрешниот ден, министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, каде ќе стане збор за широка лепеза на теми од зацврстувањето на одбраната и одвраќањето на Алијансата и целите на способности, до инвестициите во одбраната и засилување на одбранбената индустрија.

Како што стои во соопштението од МО, состаноците ќе завршат со неформален состанок на Советот НАТО – Украина, на кој освен сојузниците учество ќе земе и високата претставничка на Европската Унија, Каја Калас.

Поврзани вести