Skip to main content

Мисајловски: Секогаш и секаде први – најелитната единица „Волци“

Во пресрет на 1 март – Денот на Баталјонот на специјалните сили на македонската Армија, со особена гордост и почит го одбележуваме денот посветен на храброста, дисциплината и пожртвуваноста на припадниците на Баталјонот на специјалните сили „Волци“.

Специјалните сили „Волци“ се симбол на непоколеблива решителност и врвна подготвеност. Тие се први кога е најпотребно, најсилни кога е најтешко и најодлучни кога татковината бара сигурност и заштита. Со беспрекорна обученост, тимски дух и силно чувство за должност, секојдневно ја потврдуваат својата елитна позиција во македонската Армија.

Вашата служба не е само професија, таа е заклетва, чест и љубов кон Македонија. Благодарение на вашата пожртвуваност, нашите граѓани се чувствуваат безбедно.

НЕКА Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА ЕДИНИЦАТА!

Поврзани вести