Skip to main content

Мисајловски: Орце е новиот градоначалник на Скопје, водиме во Карпош, Кичево

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за одбрана Владо Мисајловски даде изјава за телевизија Алфа, по затворањето на избирачките места каде денес Македонија гласаше на вториот круг од локалните избори.

Се заблагодари на граѓаните кои гласаа денес.

-Еден убав демократски ден, без пропуст, позитивна атмносфера. Можам да прогласам историска победа на ВМРО-ДПМНЕ, направивме историја, рече тој.

Позитивни резултати и во Град Скопје.

-Орце е новиот градоначалник на Скопје. Водиме во Карпош, Кичево, постојано стигнуваат резултати. На сите останати места убедливо водиме, истакна тој.

Очекува убедлива историска победа.

Поврзани вести