
Денеска, на спомен-обележјето кај Катлановско Блаце, положивме венец со свежо цвеќе во знак на неизмерна почит кон единаесетте македонски припадници на воздухопловниот ВИНГ кои пред 18 години трагично ги загубија своите животи во хеликоптерската несреќа, враќајќи се од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина, напиша на својот фејсбук профил министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Нивната мисија беше благородна – мисија на мир, стабилност и посветеност кон регионалниот мир, стабилност и безбедност.
Се поклонуваме пред нивната жртва која не е и никогаш нема да биде заборавена. Нивните имиња, нивната мисија и нивното дело остануваат трајно врежани во нашата колективна меморија, во историјата и честа на нашата татковина.
Нека им е вечна слава!

Македонски





