Skip to main content

Mицкоски за трагедијата во Кочани: Ние како држава ќе сториме сè што е во наша моќ да помогнеме на тие коишто се лекуваат

И покрај тоа што опозицијата се обидуваше да креира лажна слика да растура пердуви дека нема да се појавам јас и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за време на анкетната расправа, видовте дека сите бевме присутни. Дојде исто така да биде дел од анкетната расправа и претседателката и претседателот на Собранието. Ги слушнавме ставовите на родителите кои земаа збор, како и дискусиите на дел од организациите и пратениците, истакна премиерот Христијан Мицкоски по завршувањето на седницата на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на која се расправаше по претставката на Здружението на граѓани „16-ти март 2025“ од Кочани.

Според премиерот, континуираните лаги на опозицијата се распластуваат во рака како обична лага и вистината е сосема поинаква.

– Уште еднаш сакам да изразам сочувство до сите оние коишто ги изгубија најмилите во овој трагичен настан, како и до сите оние кои што се повредени од овој трагичен настан. Ние како држава ќе сториме сè што е во наша моќ да помогнеме на тие коишто се лекуваат, да ја дадеме сета онаа нега којашто е потребна. Се разбира, сочувствуваме со болката на сите оние семејства коишто ги загубија своите најмили, додаде премиерот.

На новинарско прашање зошто не треба да се разговара за оваа трагедија на анкетна комисија, а за Ласкарци, Беса Транс и модуларната болница се формирале комисии, премиерот рече дека тие се во процес кој што судски има своја пресуда.

– Мислам дека тука може многу лесно да се зборува, бидејќи сите факти се изнесени во рамките на судската расправа. за овој процес, јавниот обвинител вели: „имаме три посебни случаи“. За едниот случај е отпочнат судскиот процес и е во рамките на суд. Значи, немаме пресуда ниту во прв степен, а другите два се во рамките на истрага, сосема различно од Ласкарци, Беса транс и модуларната болница, во коишто судскиот процес за сите во прв степен е завршен, а за некои и во втор степен. Сите детали од истрагата се познати на јавноста и може да се дискутира во рамките на анкетна расправа за да може јавноста да биде дополнително сведок дали некој бил привилегиран, дали вистински е донесена правдата, дали е констатирана неправдата, дали се одмерени казните, дали можеби треба да се прошири, истакна Мицкоски.

На почетокот на Постојаната анкетна комисија пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, обраќајќи им се на родителите порача дека денеска нема да биде постигната посакуваната цел и дека треба да знаат дека форматот на оваа Комисија и се што ќе биде кажано тука нема да има никаков правен основ за поведување одговорност. Таа го прочита писмото од јавниот обвинител Љупчо Коцевски упатено до Собранието, во кое, според неа, се нагласува дека за трагедијата во Кочани во тек се три одделни постапки, едната е во фаза на судење во Основниот кривичен суд Скопје, додека две се во фаза на истрага од кои една во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и уште една во Основното јавно обвинителство во Кочани. 

Поврзани вести