Skip to main content

Мицкоски за празникот традиционално во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово

Го честитам големиот христијански православен празник на сите верници коишто денеска го слават, на православните христијани, а на сите граѓани им посакувам здравје, среќа и успех за нив и нивните семејства. Исто така би сакал на рударите, бидејќи ова е нивен ден, да им посакам среќно кога влегуваат во рударските окна и да посакам нормално безбедна работа, работа којашто ќе значи подобра иднина за граѓаните и за Македонија.

Традиционално денеска сме во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово заедно со моите соработници, со граѓаните во Берово, секогаш е задоволство да се биде на овој ден токму тука и да се одбележи овој ден со порака којашто е обединувачка, којашто значи обединување, всушност тоа е и мојата желба како претседател на Владата.

Поврзани вести