Skip to main content

Од денеска до 30 август, во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржува Охрид џез фестивал

Од 27 до 30 август, во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржува Охрид џез фестивал. Најавени се четири музички вечери посветени на различни џез изрази. Сите концерти почнуваат во 20:30 часот.

Програмата почнува на 27 август со вечерта на млади музичари и концертот „Ехо од Македонија“, на кој ќе настапат ученици и професори од ОМУ „Методи Патче“ од Охрид. За следниот ден е најавена етно џез вечер со настап на дуото Сашко Костов и Орхидеја Дукова.

Класичниот џез е резервиран за 29 август, кога ќе настапат Дамјан Пејчиноски на гитара (фото), Зоран Јагоридовски на перкусии, Дејан Милосавлевиќ на тапани, Гордан Спасовски на пијано и Горан Гешовски на бас гитара.

Четиридневната програма ќе заврши на 30 август со меѓународната џез вечер. Ќе свири квартетот на Бранко Стерпин, а специјален гостин ќе биде финскиот музичар Тим Ласи.

Влезот за сите концерти е бесплатен.

Поврзани вести