Skip to main content

Промоција на универзитетскиот учебник „Македонски јазик за Словаци“ од проф. д-р Игор Станојоски и проф. д-р Звонко Танески

Во големата сала на Конгресниот центар УКИМ во Охрид на 26. 8. 2026 година во 19.30 часот се одржа прекрасна промоција на првиот универзитетски учебник по македонски јазик за Словаци од авторите проф. д-р Игор Станојоски и проф. д-р Звонко Танески.

Изданието, кое го објави издавачката куќа Стимул на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Коменски” во Братислава во 2024 година, го промовираше проф. д-р Гоце Цветановски од Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” при УКИМ во Скопје.

Во својата инспиративна и аналитичка беседа, професорот Цветаноски ги истакна исклучителната важност и првенството на ваквиот учебник во словачката култура, бројните квалитети во поглед на неговата структура и методологија, како и ефективната практична примена во словачката академска средина, особено по неодамнешното официјално отворање на Лекторатот по македонски јазик, литература и култура на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Константин Филозоф” во Нитра.

Поврзани вести