Skip to main content

Мицкоски: Во пресрет на Бадник поделивме пакети помош во повеќе скопски општини

Во пресрет на големиот христијански празник Бадник, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информираше дека денеска биле поделени пакети со помош на семејства во повеќе скопски општини.

Како што соопшти Мицкоски, пакети биле дистрибуирани во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар, со цел, како што наведува, секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза.

Тој порача дека Бадник не е само ден, туку симбол на заедништво, љубов и солидарност, вредности кои, според него, го прават општеството посилно.

Поврзани вести