Skip to main content

Мицкоски во посета на општина Струга

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во посета на општина Струга. Како што најави владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на почеток на изградба на проект за систем за одводнување на фекални отпадни води во село Враништа.

Потоа ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на туристичката улица во Струга, каде што ќе даде изјава за медиуми.

На крајот од посетата, наведуваат од Владата, ќе присуствува на увид на градежни активности на реконструкција на улицата во населбата Езерски Лозја.

Поврзани вести