Skip to main content

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник, ќе се бориме за секој еден човек

Вопрвиот круг од локалните избори, коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ освои вкупно 33 градоначалници и уште во 26 општини е или прва или за малку втора и се бори за градоначалнички мандат. Вкупно во 53 општини или имаме градоначалник во прв круг или сме први, истакна премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на мини-митингот во Конче.

Како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција ќе се бориме за секој еден човек и никого нема да оставиме. Нашата амбиција е на овие избори да имаме 59 градоначалнички места. Истовремено во 58 општини, што за прв пат се случува во независна Македонија, во советите коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ или е победник или има мнозинство во советот. Ако направиме споредба со минатите локални избори, тоа се 86 советници повеќе од резултатот во 2021-ва година. И на ова треба да се додаде состојбата во Град Скопје, каде идниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски има три пати поголема предност пред второпласираниот – рече Мицкоски.

Очекува над 125.000 гласови во вториот круг да освои Ѓорѓиевски.

Порача дека на овие избори апсолутен победник е ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести