Skip to main content

Мицкоски: Владата се бори за правда и одговорност

Facebook/Hristijan Mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски, прашан за Кочани и барањата за оставки, рече дека Владата се бори да има одговорност и правда, за да не биде „како до сега“. Тој рече дека МВР асистира на обвинителите и изрази жалење што одредени партии се обидуваат да добијат политички поени кои им се враќаат како бумеранг.

Мислам дека Обвинителството постапува согласно истрагата. Тоа што Обвинителството бара од МВР тоа и се испорачува. Никој не треба да има дилема. Секој што е одговорен според Обвинителството, МВР ќе постапи така. Да ги оставиме да ја водат истрагата. Жалам што одредени некрофили од политичките партии се обидуваат да добијат политички поени, мислам дека им се враќа како бумеранг и не им успева. Јас нема да го политизирам случајот – рече Мицкоски.

Тој додаде: Болката ќе трае цел живот кај родителите, а ние имаме одговорност да се бориме за правда. И сега гледате дека има правда!

Поврзани вести