Skip to main content

Mицкоски: Владата е стабилна и силна, а Таравари е во прегратките на оние кои две децении ја срамеа Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска повтори дека владата е стабилна, и покрај излегувањето на Арбен Таравари од Влада. Тој рече дека поддршката е и натаму силна, и дека продолжува коалицијата со ВРЕДИ.

Владата е стабилна и силна. Има речиси двотретинска поддршка во рамките на парламентот, и очекувам да продолжиме со коалицијата ВРЕДИ онаму каде што излезе министерот за здравство кој ја промени реториката во последните неколку дена и сега е во прегратките на оние кои последните две децении ја срамеа Македонија, но тоа е негова одлука – рече Мицкоски.

Поврзани вести