Skip to main content

Mицкоски: Владата е стабилна и има поддршка

Владата е стабилна. Убедливата победа на локалните избори покажа дека оваа Влада има јасна и недвосмислена поддршка и оти носечки столб во таа Влада е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи. Време за политика и политиканство заврши. Да ги засукаме ракавите и да работиме, не чека многу работа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Потврди дека има разговори за пополнување на исполнетите места во Владата по локалните избори и за најавената реконструкција, посочувајќи дека разговорите се тековни. – Не би можел ништо да споделам додека не биде. Ништо не е готово додека не е готово, рече Мицкоски.

Поврзани вести