Skip to main content

Мицкоски: СДС се докажаа дека се грижат за сопствениот џеб и личниот дом, но никој не верува дека СДС се грижат за заедничкиот дом

Зависи за чии дом и што подразбираат под дом. Ако домот е нивниот личен дом или нивниот личен џеб, тогаш СДС се докажаа во минатото дека тоа им е приоритет, бидејќи многу малку ги интересираат домовите на останатите граѓани во оваа држава или џебовите на останатите граѓани, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за емисијата „360 Степени“, коментирајќи го слоганот на опозициската СДС.

Претседателот Мицкоски посочи дека доколку во поширока смисла се анализира зборот домот, а тоа е татковината Македонија, тогаш апсолутно мислам дека им е промашено, односно како што рече тој никој денеска не верува дека СДС има било каков однос кон државноста, кон идентитетските прашања и кон татковината.

Така што ако е нивниот личен џеб, нивниот дом, тогаш тие навистина добро се погрижија и навистина добро се бореа во минатото. Но, доколку во поширока смисла го анализираме домот, а тоа е татковината Македонија, тогаш апсолутно мислам дека им е промашено. Никој денеска не верува дека СДС има било каков однос кон државноста, кон идентитетските прашања и кон татковината, дециден е Мицкоски.

Поврзани вести