Skip to main content
nudjCJ6dLHo

Мицкоски по состанокот со ССИ: За помалку од 6 месеци 720 милиони евра странски инвестиции, ќе се бориме за развој и поддршка на домашното стопанство

Денес имавме редовен состанок на Советот за странски инвестиции.

Морам да го истакнам задоволството што за неполни 6 месеци се отпочнати, завршени со преговори па одобрени или поставен е камен темелник на 8 нови инвестиции, коишто се во вредност од над 700 милиони евра и коишто ќе вработат потенцијално околу 2.800 македонски граѓани.

Минатата недела официјално започна изградбата на фабриката за електронски батерии за автомобили на белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ во ТИРЗ Кичево.

Во изминатите шест месеци се реализираа и други нови странски инвестиции како таа којашто ја отпочнавме на почетокот на нашиот мандат, на „Алказар Енерџи“ за изградба на ветерници во општините Радовиш, Штип и Карбинци,

– потоа, инвестицијата на „Епсотех“ за изградба на развојно истражувачки центар,

– инвестицијата за производство на сопирачки за шински возила на американскиот „Вебтек“, тоа го договараме уште при нашата посета во Соединетите Американски Држави, во Вашингтон. Тука имаме мало усогласување, коешто треба во законодавството да се направи којшто ќе следи во периодот којшто е пред нас и таа инвестиција се надевам дека наскоро денеска, ќе ја отпочнеме со реализација и поставување камен темелник. Станува збор за 35 милиони евра,

– потоа, инвестиција за производство на литиум јонски батерии на германската компанија „BMZ Group“ во вредност од 65 милиони евра и нови 700 вработувања,

– понатаму, што ја најавивме пред некое време, инвестицијата на „Брејнчајд“,

– потоа заедно со, во друго својство тука, а таму како директор на „Костел“, најавивме инвестиција во периодот што следи од 50-тина милиони евра и нови 250 вработувања на господинот Виктор Мизо,

– понатаму, инвестицијата на „АД БАУ Интернационал“, 

– како и инвестицијата, којашто веќе ја споменав на „Avesta Battery and Energy Engineering“.

Овие инвестиции директно придонесуваат за поттикнување на економскиот раст на земјата, како и поттикнување на локалниот економски развој.

Градиме политика која значи подобрување на животниот стандард на граѓаните. Нешто што претставува главен приоритет на оваа Влада.

Инаку, продолжуваме да работиме на реализација на проектите и исполнување на ветувањата коишто ги дадовме пред граѓаните. Целта наша е да повторам, нешто што сум го кажал многу пати во минатото, е  да стигнеме оваа година до историските 1 милијарда странски директни инвестиции, што мислам дека како цел е остварлива и по глава на жител да бидеме најдобри во регионот или во неколкуте водечки во Европа.  

Разговараме за единствената давачка за која во моментот размислуваме, а тоа е онаа давачка којашто треба да се усогласи со македонското законодавство поврзано со глобалниот корпоративен данок, нешто кое што се свесни буквално сите странски инвеститори. Тоа е прифатено од нив, а мислиме дека е коректно и фер за македонските граѓани, дека оние компании, коишто реализираат профит тука, коишто се добредојдени, се разбира, се дел од македонската економија, да оние 5 проценти повеќе од нашиот рамен данок од 10 проценти ги уплатат во нашиот македонски буџет, за македонските граѓани и тоа странските инвеститори коишто ги исполнуваат овие услови, а условите се знаете во три столба поделени над 750 милиони евра глобален обрт, над 10 милиони во земјава да имаат обрт и над еден милион евра профит тука во Македонија.

Ова е на полето на странските инвестиции. Но, не ги забораваме и домашните. Тука мораме да спомене дека над 250 милиони евра, оној кредит којшто го потпишавме со Унгарија, односно со унгарската Експорт банка, ќе бидат веќе наскоро од денеска ставени на располагање на македонската економија и компании. Знаете каматната стапка веќе е дефинирана, таа е најниска убедливо во регионот и цениме дека не само за странските туку и за домашните компании правиме навистина многу, а целта е да обезбедиме стабилен развој на државата и на граѓаните да им обезбедиме подобри услови.

Разликата во споредбата со минатото е очигледна. Во минатото според сведоштва на многу инвеститори, морам да кажам, се разговарало за куферчиња, провизии, но морам да кажам дека има и основано сомневања за друг тип на уцени. Сега се разговара за проекти, што може државата и граѓаните да ги добијат. Ние така ќе продолжиме да работиме, затоа што наша цел е да го подобриме стандардот на живот на сите граѓани. И верувам дека промените уште повеќе ќе се чувствуваат во периодот којшто следи.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom