Skip to main content

Мицкоски: По изборите следат реформи кои ќе ја откријат вистината и ќе ја донесат правдата во нашата држава

На денешниот митинг во Струга, посочив дека една од картите на кои игра опозицијата, СДСМ и ДУИ е барањето на спас во корумпираното судство и обвинителство, напиша на својот фејсбук Премиерот Мицкоски.

Многу е јасно зошто се кријат за правосудниот систем. Тоа им е последното танго за спас на нивните кариери и шанса да одбегнат одговорност. Oд месечината се гледа дека последниот бастион на криминалот во државата остана судството и обвинителството кое ги штитат и СДСМ и ДУИ како бели мечки.

Мицкоски посочи дека нема ниту еден случај кој институциите им е предочен, а истиот да завршил со обвинителен акт за било кој поранешен висок функционер.

Затоа по изборите следат реформи кои ќе ја откријат вистината и ќе ја донесат правдата во нашата држава. Таа пресметка нема да биде политичка, туку пресметка за докажување на правдата која народот на Македонија ја заслужува!

Поврзани вести