
Ветивме – исполнивме. И продолжуваме. На денешната владина седница донесовме одлука за ново зголемување на пензиите:
1.000 денари во септември 2025 (исплата на 1 октомври); 1.000 денари во март 2026 (исплата на 1 април), информира премиерот Христијан Мицкоски.
Ова значи дека пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари, како продолжение на досегашното зголемување од 5.000 денари во првата година од мандатот на оваа влада. Вкупно 7.000 денари повеќе. Пензионерите го заслужуваат целото наше внимание, почит и поддршка. Нема да застанеме тука. Ова е само дел од политиката на грижа, правичност и одговорност за која се обврзавме и која што посветено ја спроведуваме, порача премиерот.