
Голема чест беше да се обратам на Конгресот на ЕПП, меѓу лидери посветени на слободата, демократијата и одговорното владеење, рече денеска македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој со делегација е во Валенсија, Шпанија на дводневниот Конгрес на Европската народна партија.
Мојата Влада останува цврсто посветена на конзервативните вредности, семејството, одговорноста, економската слобода и владеењето на правото, вредности што нè водат дома и во Европа. Сепак, не можеме да молчиме за двојните стандарди кои го поткопуваат европскиот дух и ја разочаруваат нашата нација. Македонскиот народ заслужува фер третман и почит за својата посветеност на европскиот пат. Време е за Европа на доследност, вредности и заемна почит, порача Мицкоски.